
Анализи
ЧИСТИ ЗГРАДИ – ПОЛНИ СМЕТКИ, а само да ги видите платите
Управувањето и чистењето згради, дејност што вклучува фирми што се грижат за хигиената, одржувањето и функционирањето на деловни и станбени објекти, бележи значаен подем во финансиска смисла. Вкупен приход од 43,2 милиони евра зголемен за 22 насто и речиси удвоена добивка од 4 милиони евра е заедничкото минатогодишно достигнување на 253 компании од овој сектор.