
ВО ЕДНА ГОДИНА 4.446 КАТАНЦИ: секој ден се затворале по 12 фирми
Македонскиот деловен амбиент и понатаму претставува тест за издржливост, особено за малите и средни претпријатија. Нестабилните пазарни можности, променливата побарувачка и зголемените трошоци ја наметнуваат потребата од постојано балансирање меѓу опстанокот и ризикот. Во таква средина дел од фирмите се соочуваат со намалена економска логика за продолжување на активноста. Смислата за натамошно опстојување минатата година


