
Бизнис
СУВОМЕСНИТЕ ПРОИЗВОДИ И ДИСТРИБУЦИЈАТА – полн погодок за „Пекабеско“
Сувомесните производи и дистрибуцијата му обезбедија на „Пекабеско“ добивка од 1,35 милиони евра. За безмалку пет проценти повисока од остварената лани во периодот од јануари до јуни. Движењата кај приливите и трошоците се речиси изедначени, првите се зголемени за десет, а вторите за девет насто. Позитивниот финансиски резултат е во износ од 83,471 илјада денари.