
Тутунски комбинат: Продажбата со раст од 94 насто, добивката удвоена
Прилепскиот Тутунски комбинат ја заврши 2025 година со значително подобрен финансиски резултат, остварувајќи повеќе од двојно поголема добивка. Високи се и процентите што ги одразуваат годишните промени кај деловните сегменти. Профитот е зголемен за 116 насто, од 2,9 милиони евра во 2024 на 6,3 милиони евра на крајот од минатата година. Оперативните приходи, кои произлегуваат


