
Андоновски: На чекор до ЕУ без роаминг – Македонија пред сите во регионот
Во иднина, граѓаните нема да плаќаат дополнително за повици, СМС-пораки и интернет при престој во земјите од Европска Унија. Балканскиот модел на роаминг сакаме да го пресликаме и за ЕУ, a Македонија ќе биде првата земја од регионот што ќе ги исполни обврските за укинување на дополнителните трошоци, најави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.





