
Бизнис
СКАП ЖИВОТ, СИРОМАШНО МЕНИ: Половина од парите одат за храна, на трпезата леб и компири, рибата реткост
Само за храна македонските семејства годинава потрошиле 148.506 денари, или над 2.400 евра. Во комплет со безалкохолните пијалаци износот е 159.750 денари, односно 2.600 евра. Задоволувањето на најосновните потреби зафаќа повеќе од половина од семејниот буџет, затоа што статистиката утврдила дека сумата на употребени средства е 323.051 денар (речиси 5.300 евра). Втората највисока ставка се