
Анализи
И средношколци има сѐ помалку: Секоја година исчезнува едно училиште
На 1 септември се отворија вратите од основните и средните училишта, низ кои минаа 245 илјади ученици. Повеќе од една третина се средношколци. Во гимназиите и стручните средни училишта учат 67.200 млади. Меѓу нив, 17.230 ученици се „првачиња“ во средното образование. Знаењата ќе ги добијат од 6.709 професори. Сепак, можно е да има извесни отстапувања.
