
ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ I ЈОАНИС ЦАРАС, ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ПРИСТАНИШТЕТО ВО СОЛУН: Треба да имате слободна царинска зона во пристаништето, но најважно е да ја подобриме железничката поврзаност
Форумот за поврзување на Југоисточна Европа, што минатата недела се одржуваше во Солун, беше во знакот на иницијативите за забрзано економско и инфраструктурно поврзување во регионот. Посебен импулс на собирот му даде посетата на македонскиот вицепремиер и министер за инфраструктура, Александар Николоски, кого, освен колегите од грчката влада, министрите Христос Стилијанидес и Христос Стаикурас, срдечно

