
Финансии
Во кои индустрии имаме 6.866 слободни работни места?
Во второто тримесечие од годинава стапката на слободни работни места изнесувала 1,36 отсто, односно имало 6.866 слободни работни места, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Преработувачката индустрија, градежништвото и трговијата се секторите во кои имало најмногу слободни работни места. Кај преработувачката индустрија слободни биле 2.081 место, во трговијата 1.232 и во градежниот сектор 1.073.