
ЦРН БИЛАНС НА ЛАВИНИТЕ ВО АЛПИТЕ, од почетокот на сезонава однесле 27 жртви
Лавинската сезона во Алпите од почетокот на зимската сезона до сега има одземено 27 животи, пишува францускиот весник Le Monde. Медиумите пренесуваат драматични снимки од лавина во италијанските Алпи, кои го прикажуваат моментот кога скијачите се обидуваат да избегаат од огромниот облак снег. Снежна маса може да се види како се спушта по стрмна падина








