
КАКО „ПРИВАТНИОТ МОСАД“ СЕ ВМЕША ВО СЛОВЕНЕЧКИТЕ ИЗБОРИ: Ја работеле кампањата за оцрнување на Лаура Ковеси, ги следеле жртвите на Харви Вајнштајн, одработувале за Орбан…
Словенечкиот предизборен политички амбиент деновиве беше потресен од вистински шпиунски скандал. Словенечкиот премиер Роберт Голоб ги обвини „странските служби“ за мешање во претстојните парламентарни избори во земјата откако се појавија извештаи дека претставници од израелската приватна шпионска фирма „Блек Кјуб“ наводно ја посетиле земјата во декември и се сретнале со главниот опозициски кандидат, според Еуроњуз.










