
СЕФФ: Инвестиции од 1,7 милијарда евра во автопати, дигитализација и во човечки капитал
Во тек е амбициозна инвестициона агенда во инфраструктурни проекти во земјава. Инвестициите во патната инфраструктура од Коридор 8 и 10, автопатите Скопје-Блаце и Кичево-Букојчани, железницата, гасификацијата и поврзување со регионот, но и други структурни реформи како дигитализација и инвестиции во човечки капитал, ќе бидат драјвери на растот по кризата и основа за развој на економијата.




