
РАЗРЕШЕНА ДЕЦЕНИСКА НАУЧНА ДИЛЕМА: Дното на Северното море ја откри тајната – астероид посеал хаос на планетава пред повеќе од 40 милиони години
Долготрајната дебата за кратерот Силверпит под Северното Море конечно е решена. Научниците сега потврдуваат дека се формирал кога астероид од околу 160 метри го погодил морското дно пред околу 43-46 милиони години, објави Сајанс Дејли. Новите сеизмички снимки и ретките шокирани минерали во примероците од карпите го дадоа клучниот доказ. Ударот најверојатно испратил огромен облак
