
Народната банка има уште една година пристап до репо-линијата – ЕЦБ го продолжи рокот
На барање на Народната банка, Европската централна банка (ЕЦБ) донесе одлука со која ја продолжи можноста за пристап за нашата централна банка до репо-линијата во вредност од 400 милиони евра, до 31 јануари 2025 година. Ако се употреби, репо–линијата обезбедува брза достапност до девизна ликвидност и претставува уште еден заштитен слој за гарантирање на стабилноста
