
БУЏЕТ 2026: ТОЈ Е ПОРЕАЛИСТИЧЕН, НО РИЗИЦИ ИМА КАЈ ПРИХОДИТЕ – Проф. Марјан Петрески за „Каде се парите?“
Генералната рамка на Буџетот за 2026 година е раст од 3,8%, и инфлација од 2,5% и таа е поурамнотежена. Скратувањето на преамбициозни капитални расходи е „трезвен“ потег со новиот буџет. Ризикот, според професорот Марјан Петрески кој гостува во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, е на страната на приходите. Ако планот се темели на