
Бизнис
БАЛКАН ГО ПУСТОШАТ ПОЖАРИ: Во Турција досега 14 жртви на огнената стихија, градот Бурса во опасност
Катастрофални пожари беснеат низ Балканот, при што во последните 48 часа најпогодена од огнената стихија беше Турција, каде во шумските пожари загинаа најмалку 14 лица. Пламените јазици се приближуваа кон четвртиот по големина град во Турција, Бурса, продолжувајќи да ја пустошат земјата. Повеќе од 1.700 луѓе изминатиов викенд беа принудени да ги напуштат своите домови,