
Банкарство
ПАРИТЕ ЌЕ СЕ ТРАНСФЕРИРААТ ЗА 10 СЕКУНДИ – Што добиваат граѓаните и компаниите од членството во СЕПА
Ако за прекуграничните плаќања во евра се потребни до три дена, во догледно време тоа ќе биде можно и за само десет секунди. И тоа, за помалку пари и без скриени трошоци. Заштеда на време и средства се главните придобивки од приемот на државата во рамките на Единствената област за плаќање во евра – СЕПА.
