
Петар Гошев: Изарчен е просторот за натамошен раст на јавниот долг
Не треба Владата да биде критикувана затоа што, не само деновиве, повеќе се задолжува на домашниот пазар, сакајќи истовремено да ја промени структурата на јавниот долг во полза на домашната компонента. Се разбира, доколку износите на таквото задолжување не предизикуваат поголем „ефект на истиснување“ на средства за инвестирање од страна на приватниот сектор. Во моментов


