
Бизнис
ОД ПАПИРУС ДО ДИГИТАЛЕН ЕКРАН: Патувањето на новогодишната честитка низ вековите
Новогодишната честитка некогаш беше мал празничен ритуал. Картонска, внимателно избрана, често со зимска илустрација и рачно напишана порака, таа носеше дел од магијата на празниците. Денес, во време кога поштата најчесто носи сметки и реклами, честитките речиси целосно се преселија во дигиталниот свет. Брзи и бесплатни, електронските пораки ја презедоа улогата на хартиените честитки, но