
Банкарство
Новогодишна белешка на гувернерката на Народната банка: Градењето на отпорноста клучно за справувањето со кризи
Omne finis est nova initium, или секој крај е нов почеток. Ние веќе сме пред вратата на Новата 2024 година. Но, пред да зачекориме кон новата, да се осврнеме накусо кон годината што изминува, бидејќи секоја искачена планина ни дава многу подобра перспектива. Во 2023 година, комплексниот пејзаж на глобалната економија беше исполнет со мноштво