
Летово стартуваат новите авиолинии кон Виена, Краков, Вроцлав, Сицилија и Сардинија
И покрај неуспешните преговори со нискобуџетниот превозник Рајанер, претстои засилување на авионската поврзаност на земјата со пет нови линии што треба да се воведат во текот на летната сезона. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, истакна дека државата продолжува да разговара со повеќе авиокомпании, но нема да прифати модели на соработка кои би значеле
