
Бизнис
Божиновска–Варнес: САД со силна поддршка за реформите и развојот на енергетскиот сектор
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата беше нагласена исклучителната важност на Стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и САД како клучен двигател за зајакнување на институционалната соработка, економскиот развој и долгорочната стабилност на државата.