
Хронични неплаќачи, системски проблем: Долгот за ДДВ надмина 144 милиони евра
Долг од 144,2 милиони евра имаат фирмите коишто навреме не ги платиле давачките што произлегуваат од данокот на додадена вредност. Износот зафаќа високи 74,9 отсто од вкупните ненамирени сметки, од над 192,6 милиони евра. Состојбата се однесува на обврските што, и покрај крајниот рок (30 септември 2025), останале неисполнети до последниот ден од минатата година.
