
НЕДЕЛА КАКО РАБОТЕН ДЕН – ЗАКАНА ЗА ЗДРАВЈЕТО И СЕМЕЈСТВОТО, покажува швајцарска студија
Неделата отсекогаш се сметала за ден на одмор, време за семејство, дружење и духовен мир. Но кога таа станува дел од работната недела, последиците не се гледаат само во уморот и недостигот од сон, туку и во пошироката слика на општествената благосостојба. Токму тоа го покажува новата студија на Интердисциплинарниот центар за родови истражувања при







