
ЛОКАЛНИ КРАДЦИ-АМАТЕРИ, А НЕ ЕКСПЕРТИ ја извршиле „кражбата на векот“ во Лувр, потврдија француските истражни органи
Четворицата осомничени кои се обвинети и се притворени по грабежот во Лувр би можеле повеќе да се окарактеризираат како ситни крадци отколку криминални организатори, изјави во неделата париската јавна обвинителка. Тројца од уапсените се осомничени дека се дел од екипата што украла историски накит во вредност до 102 милиони долари од парискиот музеј минатиот месец,


