Банкарство
Надворешниот долг од бруто 11,7 милијарди евра зафаќа 81 процент од БДП
Бруто надворешниот долг на државата изнесува 11.789 милиони евра. Тоа претставува 81 отсто од проектираниот БДП. Состојбата е со датум од последниот ден на март. Притоа, забележано е квартално зголемување од 327 милиони евра. Бруто-надворешните побарувања се зголемени за 436 милиони евра и изнесуваат 7.440 милиони евра, покажуваат последите податоци што ги објави Народната банка.