
СТАРИТЕ БОЛКИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО: Училница без учебници е обична слушалница
Основното право на секое дете да има еднаков пристап до квалитетно образование, што значи да има и учебник за секој предмет што го учи, е нарушено. Неколку години по ред новата учебна година почнува со старите болки – за кого ќе има учебници, за кого ќе нема, за кои предмети ќе мора да се учи од помошни




