
ДЗР: Истовремено земале и пензија и социјална помош – 236 илјади евра исплатени на 235 лица
Во системот за социјална заштита се исплаќале права без целосно исполнување на законските услови, при што само во 2024 година се регистрирани најмалку 235 корисници кои истовремено користеле и пензија и социјална помош, како и случаи на неосновано исплатени средства во износ од околу 236 илјади евра. Ревизорите од Државниот завод за ревизија нотираат и
