
КЛУЧНИ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА: Кој ќе добие предност и до кога ќе можат да работат лекарите?
Министерството за здравство отвора ново поглавје во уредувањето на здравствениот систем со предлог-измени на Законот за здравствена заштита, кои веќе се објавени на Единствениот национален електронски регистар на прописи и се достапни за јавна расправа. Надлежните уверуваат дека станува збор за сеопфатна интервенција со која треба да се надминат слабостите детектирани во досегашната примена на




