
ТРАМП: „ДОАЃАМЕ“, Гренланд: „Не, не ве поканивме“
Гренланд не ја покани американска делегација да дојде во посета оваа недела, соопшти во понеделникот владата на островот, категорично негирајќи го тврдењето на претседателот Доналд Трамп. Уша Венс, сопругата на потпретседателот Џеј Ди Венс, ќе слета на данска територија во четврток, заедно со советникот за национална безбедност Мајк Волц и секретарот за енергија Крис Рајт.

