
ЌЕ ДОЈДАТ ЛИ 100 ИЛЈАДИ РАБОТНИЦИ ОД ГАНА ВО СРБИЈА: Српскиот министер тврди: „Не“, од Гана велат: „Пред финализирање на договорот сме“
Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, денес ја демантираше информацијата дека српската Влада подготвува договор за увоз на 100.000 работници од Гана. Според Ѓуриќ, информацијата била неточна, наведувајќи дека тоа е уште една во низата манипулации пресметани да предизвикаат социјални тензии и поделби во нашата земја, но и да го доведат во прашање




