
Македонска берза – клучни поенти февруари 2021
Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.02 – 28.02.2021 година вкупниот промет изнесувал 1.390.563.281 денари што претставува зголемување за 170,48 отсто во однос на претходниот месец. Класичното тргување изнесувало 1.004.456.344 денари и е зголемено во однос на јануари 2021 за 155,37 отсто кога изнесувало 393.336.688 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 586.617.601 денари и обврзници во вредност од 417.838.743 денари. Блок трансакциите за февруари изнесувале 386.106.937 денари и