
Берза
Пет акции донеле 7,2 милиони во берзанскиот промет од девет милиони евра
Зголемен број трансакции, но помал промет е остварен на Македонската берза во текот на мај. За инвеститорите и натаму најсигурно и најисплатливо е вложувањето во банкарските хартии од вредност. Меѓу петте најтргувани се трите акции издадени од големата банкарска тројка. Другите две акции им припаѓаат на друштвата од фармацевтскиот и од бизнисот со нафтени деривати.