
Берза
Над 750 милиони денари изнесувал вкупниот промет на Македонска берза во март
Трет месец по ред, најтргувани акции на официјалниот пазар се акциите на Комерцијална Банка АД Скопје со истргувани 13.535 акции со просечна цена од 12.180,86 денари и остварен е промет од 164.867.875 денари или 2.672.301 евра. Акциите на македонскиот фармцевтски гигант Алкалоид АД Скопје се позиционираа на второто место каде количински се истргувани 5.500 акции по просечна цена од 17.597,65 денари и се свртеле 1.568.797 евра или 96.787.055 денари. Во март месец, на третото место се