
Бизнис
Рено ќе го продаде својот удел во Дајмлер
Францускиот производител на автомобили Рено, денес објави дека ќе го продаде целиот 1,54 процентен удел во германската компанија Дајмлер. Рено наведува дека ќе ги продаде своите 16,45 милиони акции во Дајмлер. Врз основа на цената на акцијата на Дајмлер од 72,09 евра за акција, уделот на Рено ќе вреди нешто повеќе од 1,8 милијарди евра.