
МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ СО НАМАЛЕНА ДОБИВКА: Околу 99% од приходите, сивецот ги носи од странските пазари
Основан во далечната 1946 година, Мермерен комбинат Прилеп повеќе од седум децении го претвора белото богатство на прилепскиот крај во еден од најпрепознатливите македонски извозни производи – мермерот „Сивец“. Во деветмесечниот период од 2025 година, компанијата повторно бележи позитивен финансиски резултат, но со видливо намалување на клучните показатели во однос на лани. Вкупните приходи од




