
Банкарство
За една година девизните резерви повисоки за 500 милиони евра
Официјалните девизни резерви на крајот од март се во износ од 4.788,1 милион евра. За 73,2 милиони евра пониски во однос на претходниот месец. Најголемиот дел од овие средства се пласирани во хартии од вредност – 77 проценти. Во март е забележливо зголемувањето на резервите насочени кон монетарното злато, од 13,4 проценти (12,5% во февруари).
