
КОЈ ПРВ ЌЕ СТИГНЕ ДО ЦЕЛТА: Најбогатите техно-милијардери се на пат да станат првите трилионери
Технолошката индустрија е матична територија на осум од десетте најбогати луѓе во светот, но кој меѓу нив ќе биде првиот што ќе го достигне статусот на трилионер? Извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, еден од најбогатите луѓе во светот, неодамна се приклучи на ексклузивната група на оние чие богатство достигна или надмина 200 милијарди долари.


