
„20 години инженеринг во композитниот свет“ – македонската компанија Ламинати Ком го прослави јубилејот со подмладен менаџерски тим
Под слоганот „20 години инженеринг во композитниот свет“ Ламинати Ком прославува важен јубилеј во своето постоење. Во присуство на нивните соработници, клиенти, претставници на македонските универзитети и стопанските комори беа одбележани досегашните постигнувања, а беа доделени и благодарници за соработка и признанија за посебни достигнувања на надворешни соработници и организации, како и на членовите од
