
Бизнис
УШТЕ ЕДНА ШАНСА ЗА ФИНАЛЕ: Осми анекс за автопатот Кичево–Охрид: нови 186 милиони евра и рок до мај 2027
По повеќе од една деценија градба, автопатот Кичево–Охрид повторно добива нов рок и нова финансиска рамка. Собранието со 63 гласа „за“ ги изгласа законските дополнувања што овозможуваат потпишување на Анекс бр. 8 на договорот меѓу ЈП за државни патишта и кинеската компанија „Синохидро“, со што се отвора пат за дополнителни 186 милиони евра и пролонгирање