
Банкарство
Народната банка предвидува пад на економската активност за 3,5%
Советот на Народната банка денес одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај во чии рамки се вклучени и најновите макроекономски проекции на Народната банка за следниот тригодишен период. Притоа беше заклучено дека контекстот на макроекономските проекции е променет, заради пандемијата на ковид-19. Со оглед на преземените мерки, неопходни за спречување на ширењето на вирусот,