
СОЦИЈАЛИЗАМ А ЛА ТРАМП ИЛИ САМО ДОБАР БИЗНИС: Купувањето на акции во Интел во име на државата му донесе многу критики, но и поддршка на Трамп
Потегот на Доналд Трамп со кој ја вовлече американската влада во бизнисот со компјутерски чипови беше дочекана на нож од страна на неговите најгласни критичари од демократскиот табор во САД, но и кај дел од поддржувачите на неговото МАГА движење, со обвинување дека прави преседан кој ќе воведе ера на државен капитализам во Соединетите Држави.







