
Паѓаат цените на земјоделските производи, најмногу поевтинел зеленчукот – за 16,3 отсто
За една година трошоците за земјоделското производство се зголемиле за 1,7 насто, додека цените на земјоделските производи се намалиле за 3,9 отсто. Податоците од Државниот завод за статистика се однесуваат за регистрираните состојби во ноември. Намалувањето на аутпутот е резултат пред сѐ на падот кај растителното производство, каде што цените се пониски за шест отсто.


