
Граѓаните се задолжуваат, но помалку со еко-кредити: За „зелени“ потреби исплатени 16,1 милион евра
Се зголемува интересот за зеленото кредитирање, прикажан со годишен раст од 7,4 проценти. Зелената поддршка повеќе ја бараат компаниите, каде што се пласирани 314,7 милиони евра. За разлика од другите видови, граѓаните се повоздржани во поглед на зелената банкарска понуда. И покрај поволностите под кои се нудат, на домаќинствата им се исплатени 16,17 милиони евра.
