
Бизнис
ИутеКредит Македонија донираше маски и заштитна опрема на Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“
Иако епидемијата на Ковид 19 во земјава стивнува, здравствените работници сé уште секојдневно се изложени на ризик од оваа болест. Како активен поддржувач на напорите кои ги прават здравствените работници во справувањето со вирусот, ИутеКредит Македонија денес донираше заштитни маски и опрема на Клиниката за гастроентерохепатологија во рамките на Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ во Скопје.