
Банкарство
Штедачите од Еуростандар банка на протест пред Уставен: Од 2.000 правни лица ниту денар не е обештетено ниту едно
Уставниот суд денес ќе ја оценува уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки, иницијатива поднесена од оштетените штедачи на Еуростандар банка. Штедачите кои чекаат пред Уставниот суд уште еднаш потенцираа дека овој член е генератор којшто продуцира нееднаквост на правните и физичките лица депоненти на банка во однос на Фондот за осигурување