
Трамп го потпиша пакетот за пандемско олеснување на економијата
Под притисок на пратениците во Конгресот, американскиот претседател Доналд Трамп во неделата вечерта потпиша пакет помош за економијата од 900 милијарди долари. По повеќедневен отпор, конечно беше прифатен од Конгресот во понеделникот. Трамп го потпиша и предлогот на државниот буџет. „Го потпишувам овој закон за повторно започнување на надоместоците за невработеност, запирање на иселувањето, обезбедување



