
Ангеловска-Бежоска за „Еуромани“: Инфлациските трендови во регионот и во земјата се позитивни, но потребна е претпазливост
Инфлациските трендови се позитивни. Инфлацијата во регионот на Централна и Источна Европа, како и во земјава, се намали на едноцифрени стапки, како резултат на водењето затегната монетарна политика од страна на централните банки и стабилизирање на светските цени на примарните производи. Исто така, инфлациските очекувања и натаму се релативно закотвени, како значаен фактор којшто влијае






