
Исплатата на плати во плико – од каде доаѓа кешот? – Елена Петрова во „Каде се парите?“
Исплатата на плати во плико е највисокиот степен на сива економија и директно го оштетува државниот буџет, пензискиот систем и здравството. Првиот човек на УЈП Елена Петрова, објаснува дека компаниите не можат да исплатат кеш ако претходно не го извадат од системот – што значи дека некаде има недеклариран промет, скриени приходи или фиктивни расходи.





