
Банкарство
Трибина на Народната банка: Економското новинарство од осамостојувањето до денеска ‒ придонесот во информирањето и финансиската едукација на јавноста
„Денес постои консензус дека јасната, ефективна и едноставна комуникација на централните банки e една од клучните алатки во исполнувањето на нивните мандати. Преку својата комуникација тие влијаат врз очекувањата, ја намалуваат неизвесноста и создаваат попредвидлив амбиент, а на тој начин и реакциите на економските субјекти стануваат попредвидливи“, истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на трибината со новинарите,